Утрински Весник
Свет

Украина: Русија почна да ги уништува украинските резерви на храна и гориво

Украина: Русија почна да ги уништува украинските резерви на храна и гориво
Dik 300x250 mk

Русија почна да ги уништува украинските складишта за гориво и храна, што значи дека владата ќе мора да ги зголеми резервите во блиска иднина, изјави денеска советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

Говорејќи на локалната телевизија, Денисенко исто така рече дека Русија ги носи силите на украинската граница по пат на ротација и дека може да се обиде повторно да напредува при инвазијата на Украина.

Украина и Русија денеска договорија два хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од бојното поле, вклучително и дозволување на луѓето да заминат со приватни автомобили од јужниот град Мариупол, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

Можете да прочитате

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Се повеќе белгиски државни службеници отсуствуваат од работа поради стрес и премореност