Утрински Весник
Свет

Украина: Русија би можела да користи војници во Молдавија за акции и провокации долж границата

Украина: Русија би можела да користи војници во Молдавија за акции и провокации долж границата

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека Русија може да ги искористи своите војници во отцепениот регион Придњестровје во Молдавија за акции и провокации долж границата со Украина.

Русија има стационирани војници на спорната територија, која се отцепи од Молдавија по кратката граѓанска војна во раните 1990-ти и која повеќето земји не ја признаваат. Се проценува дека таму остануваат околу 1.500 руски војници.

Експертите претходно изразија загриженост дека Русија би можела да изврши напад врз Молдавија доколку успее да ја окупира Украина, бидејќи тогаш ќе има лесен пристап до Молдавија преку Придњестровје.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа