Утрински Весник
Свет

Украина: Русите со сите сили го напаѓаат Северодонецк, се водат одлучувачки битки

Dik 300x250 mk

Заменичката на украинскиот министер за одбрана, Хана Малиар, вели дека Русија ги собрала речиси сите свои сили за да ги нападне населбите во близина на Северодонецк.

Во регионот на Северодонецк се водат решавачки битки со руските сили кои сакаат да стигнат до границите на регионот Луганск до крајот на неделата, рече Малиар.

„Руската армија ги собра практично сите свои сили и средства за да ги нападне околните населени места. Тие се обидуваат да ја пробијат нашата одбрана и се обидуваат да опколат група наши војници кои ги бранат Лисичанск и Северодонецк“, посочи таа.

Нагласи и дека украинските сили прават сè што е можно за да ја задржат територијата и да ја спречат опсадата.

„Но, мора да разбереме дека непријателот има предност во оружје, така што ситуацијата сега е исклучително тешка, а денес овие одлучувачки битки го достигнаа својот врв“, нагласи Малиар.

Можете да прочитате

ОН: Нападите на еврејските доселеници против Палестинците на Западниот Брег во октомври достигнаа рекорден број

Мнозинства по потреба – нова политичка реалност во Европскиот парламент 

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил