Утрински Весник
Свет

Украина: Русите повторно го бомбардираа Мариупол

Украина: Русите повторно го бомбардираа Мариупол

Градскиот совет на Мариупол соопшти дека руските трупи продолжиле да го бомбардираат овој град.

Снимката од бомбардирањето ја објави националната новинска агенција на Украина, Укринформ.

Хуманитарниот конвој кој се обидувал да стигне до градот на југоистокот на земјата морал да се врати поради бомбардирањето, пренесе Ројтерс.

Украина истражува 38 случаи на наводно предавство против локални функционери и полицајци обвинети за помагање на Русија, соопшти Украинското Државно истражно биро.

Се наведува дека е покрената кривична постапка против неколку полицајци во украинските градови Мариупол и Херсон.

Градоначалникот на Житомир, Серхиј Сухомлин, изјави дека цивилна зграда, термоцентрала и две болници биле погодени од руски воздушни напади. Градоначалникот Сухомлин додаде дека никој не е повреден.

Можете да прочитате

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија

Санчез бара отворање на Хормуз: Светот не смее да ја плати цената на оваа војна