Утрински Весник
Свет

Украина: Потегот на Унгарија е непријателски чин

Украина: Потегот на Унгарија е непријателски чин
Dik 300x250 mk

Министерството за надворешни работи на Украина утринава соопшти дека ја смета подготвеноста на Унгарија да плати за рускиот гас во рубли за „непријателски чин“ и дека односот на Унгарија кон руските злосторства го зајакнува чувството на неказнивост на Русија и ја охрабрува Русија „да изврши нови злосторства против Украинци“, пренесува „Гардијан“.

„Ако Унгарија навистина сака да помогне да се стави крај на војната, еве како да го направи тоа: да се запре уништувањето на единството на ЕУ, да се поддржат новите антируски санкции, да се обезбеди воена помош за Украина и да не се создаваат дополнителни извори за финансирање на руската воена машинерија. Никогаш не е доцна да се оди на вистинската страна на историјата“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто потврди дека горивото за унгарските нуклеарни централи пристигнало со авион од Русија. Нападот на Русија врз Украина ја попречи железничката испорака.

Тој нагласи дека Унгарија не ги поддржува предлозите за воведување енергетски санкции кон Русија во ЕУ, додавајќи дека наметнувањето какви било санкции за активности поврзани со нуклеарното оружје, исто така, ќе биде „црвена линија“ за Унгарија.

Според „Гардијан“, во последните денови има растечки тензии меѓу Унгарија и Украина, откако Виктор Орбан го опиша украинскиот претседател Володимир Зеленски како еден од непријателите што ги победил со неговата изборна победа за време на викендот.

Зеленски рече дека Орбан се плаши од Москва и дека мора да избере меѓу Русија и остатокот од светот.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија