Утрински Весник
Свет

Украина очекува отворање на 10 хуманитарни коридори

Украина очекува отворање на 10 хуманитарни коридори

Хуманитарен коридор за евакуации во Луганската област ќе биде отворен денеска, најави регионалниот гувернер Серхиј Гаидај.

„Договорен е хуманитарен коридор, денеска ќе се обидеме да ги евакуираме луѓето и да донесеме храна“, рече тој.

Додаде и дека за денеска е договорено затишје и дека ќе стапи на сила во 9 часот по локално време, пренесува „Ројтерс“.

Всушност, станува збор за еден од десетте хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, за кои Украина се надева дека ќе бидат отворени денеска.

Ова го најави вицепремиерката, Ирина Верешчук.

„Ројтерс“ пренесува дека Верешчук рекла и дека е договорен коридор за опколениот град Мариупол, иако претходните договори за прекин на огнот и отворање на коридори во голема мера пропаднале.

Можете да прочитате

Трамп и Зеленски со пораки за мир

ФСБ спречила обид на украинските служби да активираат автомобил- бомба на Кримскиот мост

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина