Утрински Весник
Свет

Украина: На светот му се заканува нуклеарна катастрофа, Русите лансираа ракети над нуклеарната централа

Две крстосувачки ракети лансирани од руски војници утринава летаа на мала височина над нуклеарната централа Запорожје, објави Енергоатом, украинската државна агенција за нуклеарни централи.

„Денеска, во 6:41 и 6:46 часот, две непријателски крстосувачки ракети летаа на мала височина над националниот парк Запорожје во правец на градот Запорожје“, се вели во соопштението.

„Подоцна, експлозии предизвикани од руски крстосувачки ракети беа потврдени во Запорожје“, се додава во објавата.

„Рускиот нуклеарен тероризам е во пораст, а заканата се влошува. Русија го изложи целиот свет на опасност од нова нуклеарна катастрофа, 36 години по трагедијата во Чернобил“, предупредија тие.

Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа, која беше заземена од руската војска ноќта на 4 март и се уште е под нејзина контрола. Русите чуваат тешка опрема и муниција токму во просториите на нуклеарната централа, откако буквално ја претворија централата во воена база, тврди Украина, пренесуваат медиумите во светот.

Можете да прочитате

Тројно убиство: Словак се предаде во Линц, едно тело пронајдено во фрижидер

Белгиските власти приведоа двајца израелски војници по пријава за „сериозни воени злосторства“ во Газа

Арагчи: Иран ќе ја продолжи програмата за збогатување со ураниум