Утрински Весник
Свет

Украина: Идентификувани се 10 Руси кои извршиле воени злосторства во Буча

Масакрот на цивили во Буча, кој беше откриен откако руските сили се повлекоа од тој град недалеку од Киев, предизвика неверување и осуда кај голем број светски лидери.

Главната обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, сега вели дека нејзиниот тим идентификувал 10 лица за кои се верува дека извршиле воени злосторства во Буча.

Во еден случај, наведува Венедиктова, руски војници влегле во дом во кој се криеле цивили и им се заканувале со оружје и ги тепале со пушки.

Се наведува дека идентификуваните руски војници земале цивили како заложници, не им давале храна и вода и ги мачеле и малтретирале.

Можете да прочитате

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела