Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украина бара Турција да биде гарант за евентуален договор со Русија

Украина бара Турција да биде гарант за евентуален договор со Русија
Img 7972

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба побарал од Турција да биде еден од гарантите за можниот договор со Русија, изјавил неговиот колега Мевлут Чавушоглу по посетата на западна Украина, пренесуваат медиумите.

„Украина поднесе предлог за колективен безбедносен договор: П5 (пет постојани членки на Советот за безбедност) плус Турција и Германија“, додаде Чавушоглу.

„Во моите вчерашни контакти во Москва видов дека Руската Федерација нема забелешки и дека може да прифати таков предлог“, рече министерот, кој во средата во Москва се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Чавушоглу на новинарите по двете дипломатски средби им изјавил дека надежите за примирје пораснале.

Дополнително, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, кому му го повторил неговиот предлог да биде домаќин на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Анкара или Истанбул.

Ердоган ја истакнал и потребата од отворање на хуманитарни коридори за да може цивилите да бидат евакуирани од зоната на конфликтот, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната