Утрински Весник
Свет

Украдена реликвија со капки крв од папата Јован Павле Втори

Украдена реликвија со капки крв од папата Јован Павле Втори
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Реликвија од злато и кристали, во која се чуваат капки крв од светиот папа Јован Павле Втори, била украдена од катедралата во градот Сполето, во централниот дел на Италија, пренесува „Ројтерс“.

Реликвијата била украдена во средата од олтарот посветен на полскиот папа, кој почина во 2005 година, по 27 години понтификат.

Предметот бил привремено изложен во катедралата во Сполето. Следниот месец требало да биде префрлен во нова црква во регионот Умбрија, именувана по покојниот папа.

Надбискупот Ренато Бокардо, долгогодишен близок соработник на папата во Ватикан, повика предметот да биде вратен на катедралата и верниците.

Тој рече дека сè уште не е познато дали реликвијата била украдена за откуп, како што во минатото се случувало со други вакви предмети во Италија.

Во тек е полициска истрага за случајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

50 возила се судриле во верижен судир во Јапонија, има и загинати

Директорот на компанија им исплатил 240 милиони долари бонуси на вработените

Трамп за документите на Епштајн: „Ова е лов на вештерки“