Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Забрана за камиони на патот Гостивар-Стража
Img 7972

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Вечерва во 18:15 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, што беше воведена во 15 часот поради врнежи од снег, информира Автомотосојузот на Македонија.

Поради врнежи од снег попладне од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража беше воведена забрана за товарни моторни возила, соопшти претходно Автомотосојузот на Македонија.

Невремето проследено со силен ветер, дожд и повремено со снег, што го зафати попладнево подрачјето на Дебар, Река и Жупа предизвка помали одрони на патните правци во овој регион, поради што од дебарската секција на „Македонијапат“ препорача многу внимателно возење, посебно по клисурата на реката Радика.

Од „Македонијапат“информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а снег врне во Крива Паланка, Страцин, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

„Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.ир/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Засилени сообраќајни контроли: 21 лице лишено од слобода за безобзирно возење

Пронајдени седум лица мигранти, лишени од слобода двајца криумчари, следува соодветна пријава

Шукова: Владата мора да помага на сите општини без разлика кој е градоначалник и од која партија доаѓа