Утрински Весник
Спорт

УЕФА ја објави листата на најбрзите играчи во ЛШ

УЕФА ја објави листата на најбрзите играчи во ЛШ

Европската фудбалска унија (УЕФА), во својот годишен извештај, ја објави листата на најбрзите фудбалери во минато сезонското издание на Лигата на шампионите.

Најголема брзина, во еден момент на некој натпревар, развил напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец, во финалето, против Баерн Минхен, трчал со брзина од 33,98 километри на час.

Следуваат двајца бекови, Лукас Клостерман од Лајпциг (33,89 км/ч) и Ханс Хатебур од Аталната (33,71 км/ч).

За споредба најбрзиот човек во историјата, Усени Болт, кога го поставил светскиот рекорд (9,58 секунди), во еден дел од тргата развил брзина од 44,64 км/ч.

> УЕФА ја објави листата на најбрзите играчи во ЛШ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина