Утрински Весник
Спорт

УЕФА ги одложи сите натпревари до јуни

УЕФА откажа два меча во Лига Европа

Нион, 1 април 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го одложи сите клупски и репрезентативни натпреварувања до јуни. Тоа е одлука од денешниот состанок на кој учествуваа претставници на 55 национални федерации.

Меѓу нив спаѓаат квалификациските средби за ЕП 2021 од Лигата на нации, меѓу кои и дуелот на Македонија и Косово, како и квалификациските мечеви во женска конкуренција.

Финалните мечеви во Лигата на шампиони и Лига Европа што првично беа планирани за мај, од претходно се одложени, но сега се одложени на неодреден период. Сè уште не е познато дали УЕФА планира да продолжи со тековната сезона или веднаш ќе се оди на наредната. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп