Утрински Весник
Македонија

Угостителски објект во Тетово работел по дозволеното време, сопственикот е приведен

Угостителски објект во Тетово работел по дозволеното време, сопственикот е приведен

Сопственик на угостителски објект од Тетово е приведен синоќа поради непочитување на ковид-мерките.

Од МВР информираат дека објектот кој е лоциран на улицата „Илинденска“ во Тетово, работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот.

„Сопственикот на објектот (Ф.И.) бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од полицијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет