Утрински Весник
Свет

Угостителските објекти и хотелите во Австрија ќе бидат затворени до Велигден

Угостителските објекти и хотелите во Австрија ќе бидат затворени до Велигден

Угостителски објекти, хотелите и културните институции во Австрија ќе останат затворени до Велигден по одлуката на владата да ги продолжи мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19. Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, изјави дека на 1 март повторно ќе се анализира ситуацијата со експертите, лидерите на провинциите и парламентарните партии.

Според него, епидемиолошката состојба е сè уште стабилна и по олабавувањето на некои од мерките со кои беа отворени продавниците. Со оглед на тоа дека британската мутација на коронавирусот се шири во источниот дел на земјата, а јужноафриканската во Тирол, потребни се внимателност и да се избегнуваат приватни контакти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина