Утрински Весник
Спорт

Трае магијата на Карацев, избори полу-финале на АО

Трае магијата на Карацев, избори полу-финале на АО

Аслан Карацев ја продолжи својата неверојатна серија на Австралија опен. Тенисерот кој првиот Гренд слем во сезоната го започна во квалификациите, стигна до полу-финалето.

Карацев, 114. на АТП листата, во четврт-финалето го победи Бугаринот Григор Димитров со 3:1 (2/6, 6/4, 6/1, 6/2).

Рускиот тенисер одигра неверојатен меч, успеа да се врати во игра, иако првиот сет го загуби за само 34 минути. Сепак, Карацев успеа да израмни на 1:1, а клучен беше брејкот што го направи во деветтиот гем. Во овој период од мечот Димитров започн да се жали на болки во грбот.

Карацев, сето тоа го искористи убедливо го доби третиот сет, а на ист начин го реши и четвртиот.

Карацев во полу-финалето ќе игра против пбедникот од дуелот помеѓу Александар Зверев и Новак Ѓоковиќ,.

> Трае магијата на Карацев, избори полу-финале на АО <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1