Утрински Весник
Македонија

„УВ Гард“ уреди донирани на Инфективна клиника, Клиничката болница во Тетово и Болницата во Прилеп

„УВ Гард“ уреди донирани на Инфективна клиника, Клиничката болница во Тетово и Болницата во Прилеп

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Клиничката болница во Тетово  и Општата болница во Прилеп добија донација „УВ Гард“ – уред со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии, со цел зајакнување на условите во установите во период со справување со вирусот ковид-19, информира Министерството за здравство.

Како што појаснуваат од Министерството за здравство (МЗ), со апаратот се дезинфицираат површини и воздух, 360 степени наоколу, работи на принцип на зрачење кратка UV-C бранова должина од 254 нанометри, ги убива микроорганизмите што доаѓаат во контакт со светлината, им ги уништува нуклеинските киселини и ја нарушува нивната ДНК, оставајќи ги без можност да ја вршат својата функција, УВ зраците допираат до места што се недостапни и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите и на нерамни површини.

Просторијата што се дезинфицира со апаратот мора да биде празна, но, како што наведуваат од МЗ, тоа не е проблем бидејќи уредот се контролира од далечина и го заштитува тој што го ракува.

За просторија од 40 метри квадратни доволни се околу триесетина минути, а веднаш по дезинфекцијата се чувствува силен мирис на озон.

„УВ Гардот“ е изум на македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров од Свети Николе. скс/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра