Утрински Весник
Магазин

Убиецот на Џон Ленон изјави дека жали за грозниот чин

Убиецот на Џон Ленон изјави дека жали за грозниот чин

Марк Чепмен, човекот кој го уби Џон Ленон, ѝ се извини на вдовицата на покојниот Битлс, Јоко Оно, 40 години по неговата смрт.

Чепмен го застрела легендарниот музичар четири пати пред неговиот стан на Менхетен, Њујорк, пред очите на Оно, на 8 декември 1980 година.

На сослушувањето минатиот месец, по единаесетти пат му беше одбиено барањето за условно пуштање од затвор, и тој ќе остане зад решетки уште најмалку две години, кога повторно ќе има право да бара условна казна.

Тој додал дека цело време размислува за „одвратниот чин“, како што рекол, и прифаќа да го помине остатокот од својот живот во затвор, пренесува „Би-би-си“.

За време на сослушувањето, Чепмен изјавил дека го убил 40-годишниот Ленон за слава и дека заслужува смртна казна.

„Повторувам дека жалам за мојот злочин,“ рече Чепмен пред одборот за условно ослободување. “Немам оправдување. Тоа беше за слава. Мислам дека тоа е најлошиот злочин што може да му се направи на некој кој е невин. Тој беше икона “

Чепмен (65) издржува доживотен затвор откако ја уби ѕвездата на легендарните „Битлси“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста