Утрински Весник
Свет

Убиен претседателот на Хаити – среде ноќ дома му влегле атентатори

Убиен претседателот на Хаити – среде ноќ дома му влегле атентатори

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, бил убиен во неговиот дом во средата рано наутро, потврди владата.

Моиз е убиен во неговата приватна резиденција во средата околу 1 часот по полноќ.

Премиерот на Хаити, Клод Џозеф, во соопшение потврди дека Моиз бил убиен од група напаѓачи. Тие не се идентификувани, но се вели дека се од шпанското говорно подрачје.

Првата дама на Хаити во нападот била повредена од куршум, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Словенија воведува помалку работни часови

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона