Утрински Весник
Свет

Убиени шест милитанти и еден индиски војник во Кашмир

Убиени шест милитанти и еден индиски војник во Кашмир

Индиските безбедносни сили убиле шест милитанти и изгубиле еден војник во серија операции во Кашмир, изјави денеска началникот на полицијата во долината Кашмир, Виџај Кумар.

„Шест милитанти, вклучително и двајца пакистански државјани, беа убиени во два одвоени инциденти со безбедносните сили во градовите Ананаг и Кулгам во Кашмир“, рече Кумар, цитиран од „Ројтерс“.

Индија долго време го обвинува Пакистан дека поттикнува бунт од 1990-тите во Кашмир, хималајски регион на кој и двата нуклеарно вооружени соседи имаат целосна претензија, но контролираат само делови од него, потсетува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран