Утрински Весник
Свет

Уапсен украински шпион во Москва

Уапсен украински шпион во Москва

Украински државјанин, извесен Рудас од Харков, бил уапсен во Москва за шпионажа, а наводно бил регрутиран од Украинската служба за безбедност (СБУ) во април 2021 година.

„Тоа може да се види на видео направено за време на сослушувањето“, пренесува агенцијата ТАСС, која имала увид во оваа снимка.

„Бев регрутиран од СБУ во април 2021 година. Ме се јави агент по име Антон, немам повеќе информации за него“, вели тој.

Според осомничениот, негова задача била да собира информации за проруски новинари и украински граѓани, кои се противат на украинскиот режим.

Тој открил и дека претходно работел за полската тајна служба.

Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека Рудас, кој има државјанство на Полска и Украина, бил приведен при обид да собере информации за руски војници што се вклучени во операциите во Украина.

Можете да прочитате

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

Британската МИ6 ќе ја користи темната мрежа за регрутирање агенти и пристап до тајни