Американските медиуми пренесоа дека уапсен е Стив Бенон, поранешниот главен советник на Доналд Трамп.
Бенон е обвинет од федералните обвинители во Њујорк за измама во кампања при прибирање на финансиски средства за поддршка на идејата на Трамп за изградба на ѕид на границата со Мексико, а заедно со него обвинети се и три други лица.
Бенон бил уапсен во утринските часови, посочи портпаролот на обвинителството. Адвокатот на Стив Бенон не сакал да го коментира случајот.
Си-ен-ен јави дека четворицата се обвинети за измама тешка стотици илјади долари, донирани на групата наречена „We Build the Wall“, а парите ги искористиле за сопствени потреби.
Бенон во текот на денот треба да се појави пред судија во Њујорк.
Трамп го отпушти Бенон во 2017 година, откако тој работеше како негов стратег во предизборната кампања во која стана претседател.
Американските медиуми Бенон го опишуваат како тврдокорен десничар кој преку своите „Брајтбарт њуз“ со години објавувал анти-исламски и шовинистички информации.