Утрински Весник
Свет

Уапсен пар кој побегнал од карантин од хотел во Холандија

Уапсен  пар кој побегнал од карантин од хотел во Холандија
Dik 300x250 mk

Холандската полиција соопшти дека на аеродромот во Амстердам е уапсен пар кој побегнал од хотел во Амстердам, каде патниците кои пристигнале од Јужна Африка позитивни на Ковид-19 биле ставени во карантин.

Портпаролот на полицијата изјавил дека двете лица биле уапсени во авион кој се подготвувал да полета за Шпанија.

30-годишниот Шпанец и 28-годишната Португалка се предадени на здравствените власти, додаваат полициските служби.

Против двајцата „бегалци“ ќе биде поднесена тужба за нарушување на јавната безбедност, соопштија од таму.

Портпаролот на холандската здравствена администрација изјави дека парот е повторно во изолација, но не во истиот хотел. Едниот од нив е позитивен, а другиот негативен на новиот сој на коронавирусот, но е во карантин.

Неколку часа претходно, холандскиот министер за здравство Хуго де Јонге рече дека холандските власти ќе се погрижат патниците да бидат ставени во карантин.

Патниците позитивни на тестот за Ковид-19 се речиси сите во ист хотел, додека властите дозволија само мал број да бидат ставени во карантин во нивните домови.

Полицијата го обезбедува хотелот во кој се изолирани патниците.

Можете да прочитате

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина