Утрински Весник
Македонија

Уапсен лихвар од Велес, позајмил 100 евра, а барал да му се вратат 2.000

Уапсен лихвар од Велес, позајмил 100 евра, а барал да му се вратат 2.000

Во попладневните часови на 28 април на улицата „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот велешанец А.С, поради сомнение за сторено кривично дело лихварство.

Тој бил уапсен при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30.000 денари, а му побарувал уште 90.000 денари како камата.

Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на лихварот, при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4.000.000 денари).

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ

За две години зголемени плати на полициските службеници, социјалните работници, на вработените во образованието, здравството, во јавниот сектор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност