Утрински Весник
Свет

Уапсен е тинејџер за пукањето во трговски центар во Малме, загина едно лице

Шведската полиција уапси тинејџер осомничен дека вчера убил едно лице, а ранил друго во пукотница во трговски центар во Малме.

dobivaj vesti na viber

Повредениот од здобиените повреди починал, додека жената е хоспитализирана, соопшти полицијата.

„Нема непосредна опасност за граѓаните. Во овој момент се смета дека инцидентот е поврзан со криминалното милје“, се наведува во полицискиот извештај.

Пресметка на криминални кланови?

Полицијата ги испрашала сведоците на местото на настанот и го прегледала снимениот материјал од надзорните камери.

Полицијата оценува дека нападот бил „изолиран инцидент поврзан со криминалното милје“ и го елиминирала мотивот за тероризам.

Убиствата во судирите меѓу кланови и банди неодамна се во пораст во Шведска и стануваат една од главните грижи на гласачите пред претстојните избори. Годинава во Шведска се убиени 44 лица, а речиси сите се поврзани со криминал, соопшти полицијата. Минатата година во Шведска имаше 46 убиства.

Претставници на полицијата и градските власти во Малме претпладнево ќе одржат прес-конференција.

Можете да прочитате

Пожар уништи клуб во германскиот град Кел, нема тешко повредени

Забраната за социјални мрежи за тинејџери се соочува со правни пречки

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети