Утрински Весник
Свет

Уапсен е возачот на автобусот кој се преврте кај Лесковац

Уапсен е возачот на автобусот кој вчера рано утрината се преврте на автопатот Ниш – Лесковац, при што една жена го загуби животот, а 33 патници беа повредени.

dobivaj vesti na viber

Како што потврдија од Полициското одделение Лесковац, по наредба на Основното јавно обвинителство во овој град му е одредена мерка притвор до 48 часа за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред обвинител.

До несреќата дошло кога автобусот со сомборски регистерски таблички, кој превезувал патници од летување во Грција, од засега непознати причини излегол од коловозот, неколку стотини метри се движел по тревната површина, а потоа се превртел на страна.

Водач на патот, туристички водич Н.Н. починала на лице место, а повредените патници во зависност од тежината на повредите се пренесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш и Општата болница во Лесковац.

Меѓу патниците имало и деца, но никој од нив не е тешко повреден.

Можете да прочитате

Амнести Интернешнл: Израелскиот предлог за „хуманитарен град“ е намера за воени злосторства

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО

Институт за проучување на војна: Русија, Кина и Северна Кореја не му помогнаа на Иран во војната со Израел