Утрински Весник
Спорт

Уапсен германски фудбалер за организиран криминал и финансирање на курдските сепаратисти

Уапсен германски фудбалер за организиран криминал и финансирање на курдските сепаратисти

Германскиот фудбалер со курдско потекло, Дениз Наки е уапсен во Ахен со обвинение дека бил шеф на група за организиран криминал и трговија со дрога, но и поврзаност со курдската терористичка организација ПКК, јавува „Ди велт“.

Обвинителот во Ахен потврдил дека две лица се уапсени за воспоставување на криминална организација за трговија со дрога, а средствата потоа биле префрлувани на ПКК.

Наки, кој е роден во Германија претходно играше за Санкт Паули и Падерборн во Германија, но и за турскиот Ахмед САЦ, но во Турција беше осуден на три години затвор поради поддршка на курдскиот сепаратизам и доби доживотна забрана за играње во Турција.

> Уапсен германски фудбалер за организиран криминал и финансирање на курдските сепаратисти <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026