Утрински Весник
Свет

Уапсен возачот на автомобилот кој влета во толпа и усмрти едно лице во Берлин

Автомобилот кој денеска влета во толпа во западен Берлин усмртил едно лице, а најмалку 30 се повредени, јави „Ројтерс“, повикувајќи се на германски медиуми и портпаролот на противпожарната бригада.

Според тековните информации, возачот на возилото е уапсен.

„Се верува дека приведениот влетал во група луѓе. Засега не се знае дали се работи за несреќен случај или дали осомничениот имал намера да го изврши ова дело“, соопшти полицијата, додавајќи дека осомничениот е приведен на местото на настанот, а пренесува „Ројтерс“.

Повеќе информации во моментот не се достапни.

Можете да прочитате

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија

Санчез бара отворање на Хормуз: Светот не смее да ја плати цената на оваа војна

СЗО се подготвува за нуклеарна војна на Блискиот Исток