Утрински Весник
Свет

Уапсени 80 лица во Кина поради производство на фалсификувана вакцина

Уапсени 80 лица во Кина поради производство на фалсификувана вакцина

Кинеските власти уапсија 80 лица под сомнение дека произведувале фалсификувана вакцина против коронавирус.

Притворените наводно од септември полнеле дози на физиолошки раствор за да ги продаваат како вакцина, објави државната новинска агенција.

Запленети се вкупно 3.000 дози на вакцината, а пребарани се повеќе места низ целата држава.

Кина разви повеќе свои вакцини. Кинеската влада постави цел да се вакцинираат 50 милиони луѓе до средината на февруари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МААЕ пријави три напади со беспилотни летала врз нуклеарната централа Запорожје

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал