Утрински Весник
Македонија

Уапсени тројца дилери од Охридско, запленета марихуана и стебла канабис

Уапсени тројца дилери од Охридско, запленета марихуана и стебла канабис

Тројца охриѓани се уапсени поради поседување марихуана и стебла канабис.

„На 2.11.2020, во селото Долно Лакочереј, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Охрид, во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ги лишија од слобода К. А. (33), А. Н. (33) и С. К. (33), сите од Охрид, со место нa живеење во село Долно Лакочереј. При претрес во нивните домови во селото Долно Лакочереј извршени со судска наредба полициски службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и стебла од растението канабис сатива. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик“, соопшти СВР Охрид.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петровска: Мисајловски излезе од периметарот на САД – Македонија останува без дел од воената помош

Николоски: Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево

Андоновски: Започна Академијата за дигитални вештини на јавната администрација