Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца велешани, во нивниот џип бил пронајден кокаин

Уапсени двајца велешани, во нивниот џип бил пронајден кокаин
Dik 300x250 mk

Двајца велешани на возраст од 24 и 31 година, во попладневните часови на 13 април биле уаспесни пред наплатната рампа Сопот, откако во џипот со кои се возеле полицијата пронашла кокаин.

„Лишени од слобода се Д.К.(24) и А.А.(31), двајцата од Велес, бидејќи при преглед извршен во џипот ‘ауди’, управуван од Д.К., каде сопатник бил А.А, и личен преглед бил пронајден кокаин“, информираат од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по насоки на Јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“