Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев го честита Денот на царинската управа

(Видео) Заев: Деновиве ќе се финализираат деталите околу Законот за државјанство, има две одделни проблематики

Претседателот на Владата Зоран Заев со видео обраќање на царинските работници и на Царинската управа им го честиташе 14 април – Денот на Царинската управа.

„ Царинската управа и царинските работници се првиот контакт со нашата земја – тие се лицето на Република Северна Македонија, а цариниците се дел од најизложените наши сограѓани на заканите од вирусот.

Сепак, и во вакви услови тие ги прифатија предизвиците за да се обезбеди брзо и непречено прекугранично движење на стоки, патници и транспортни средства.

Царинската Управа го прифати концептот за европско царинско работење и спроведе низа мерки за олеснување на работата на сите учесници во царинските постапки. Како резултат на посветеноста на вработените на сите нивоа остануваме лидери во дигиталното работење. Огромен дел од царинските постапки кои се реализираа на хартија сега се заменети со електронски постапки и од овој месец извозот од државата се врши целосно електронски и безхартиени.

Упатувам срдечни честитки до сите царински работници по повод нивниот Ден на Царината. Пред сѐ ви посакувам здравје. Нека е честит 14 април – Денот на царината“ порача Заев.

Можете да прочитате

Екстрадиран Бесим Красниќи 

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија