Утрински Весник
Македонија

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Уапсени 27 екстремисти на Исламска држава во Турција

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС.

Според информациите на МВР, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам поднесе кривична пријава против Л.С.(38) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“, а во врска со кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

Пријавената два пати, со умисла, заминала за Сирија, каде земала учество во активностите на терористичката организација Исламска држава (ИСИС). На 10 март, таа била депортирана со лет од Истанбул во Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кривична пријава против 27 лица за лажните возачки дозволи

Мајка на две близначки со аутизам седи со нив на часови во училиште во Карпош затоа што МОН не обезбедило образовни асистенти

До 7:30 часот активни три пожари