Утрински Весник
Спорт

Тухел: Тухел не носи само талент, тој го трга притисокот од соиграчите

Тухел: Тухел не носи само талент, тој го трга притисокот од соиграчите
Img 5587

Тренерот на Челси, Томас Тухел вели дека напаѓачот Ромелу Лукаку е тип на фудбалер кој му недостасуваше на лондонскиот клуб. Белгиецот синоќа беше единствениот стрелец на мечот од ЛШ против Зенит.

„Настапот на Ромелу не беше лесен. Не направивме многу можности за него, но тој е тип на играч кој не губи самодоверба. И поради тоа е првокласен напаѓач. Тој е многу важен, нема многу напаѓачи со негов квалитет“ рече Тухел.

Img 5587

Белгискиот ас ова лето се врати во Лондон од редовите на Интер.

„Победувавме и без Лукаку и правевме резултати, но тој е тип на играч не само поради талентот, туку и поради неговата личност. Тој е така скромен, сјајно комуницира и создава убава енергија. Духот и атмосферата минатата сезона не одведоа далеку“ смета Тухел.

Лукаку сезонава од 6 шута во рамки на голот постигна 4 погодоци.

„Во фудбалот нема многу голови, а целиот тим верува дека потребна му е една шанса за погодок. Тој не носи само талент, туку и го трга притисокот од соиграчите“ категоричен е Германецот.

> Тухел: Тухел не носи само талент, тој го трга притисокот од соиграчите <

Ss1

Можете да прочитате

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид