Утрински Весник
Спорт

Тухел: Реал знаат како се играат големи натпревари

Тухел: Реал знаат како се играат големи натпревари

Актуелниот европски првак, Челси, вечерва ќе му гостува на Реал, во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Реал и Челси играа и минатата сезона, полу-финалето им припадна на „сините“, кои подоцна ја освоија титулата.

„Мислам дека овој натпревар нема да има никаква сличност со дуелот од минатата година. Најголемиот дел од овој тим на Реал учествуваше во освојувањето на трите титули во Лигата на шампионите (2016, 2017, 2018). Имаат големо искуство, знаат како се играат вакви натпревари“, рекол менаџерот на Челси, Томас Тухел.

Челси, по санкциите воведени кон се уште актуелниот сопственик, Роман Абрамович, се соочува со многу проблеми.

„Трпиме удари од сите страни. Видовте, викендов загубивме од Брентфорд. Меѓутоа момците се подготвени, верувам дека ќе излезени како победници по овие два натпревари“.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, ќе започне во 21 часот.

> Тухел: Реал знаат како се играат големи натпревари <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен