Утрински Весник
Свет

Британското разузнавање објави нова сателитска снимка за Буча

Британското разузнавање објави нова сателитска снимка за Буча

Според објавеното телата на украинските цивили лежеле на улицата во Буча најмалку десет дена пред градот да биде вратен под украинска контрола, соопшти британското Министерство за одбрана во новиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.

Разузнавањето наведува дека анализата на снимката од 21 март 2022 година, идентификувала најмалку осум тела кои лежат на улица, пренесуваат медиумите во светот.

Буча била под контрола на руската армија до 31 март, се анализира во наведеното.

Инаку, Њујорк Тајм во вчерашната анализа на сателитски снимки заклучи дека телата биле на улица пред најмалку три недели, додека Русите управувале со градот.

Можете да прочитате

Силни украински напади врз Крим

Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот

Четири катарски танкери за природен гас влегоа во Ормуската теснина