Утрински Весник
Спорт

Тухел: Можам да ги замислам заедно Халанд и Лукаку

Тухел: Можам да ги замислам заедно Халанд и Лукаку

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, го потврдил интересот на клубот за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. „Сините“ сакаат да го засилат нападот со Халанд и покрај тоа што минатото лето се засилија со Ромалу Лукаку.

„Разговаравме неколку пати за Ерлинг. Бевме заинтересирани и минатото лето. Да бидеме реални во тоа време неговиот трансфер во Челси делуваше нереален“, истакнал Тухел.

„Халанд е фантастичен фудбалер, тој е важна личност во Борусија тим кој е сериозен конкурент во Лигата на шампионите. Можам ли да ги замислам заедно Халанд и Лукаку? Зошто да не, можеме да разговараме на таа тема. Да видиме дали нешто ќе се случи во наредните недели“.

Ерлинг Халанд, сезонава одиграл 10 натпревари за Борусија, постигнал 13 голови.

> Тухел: Можам да ги замислам заедно Халанд и Лукаку <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0