Утрински Весник
Спорт

Тухел вчера првпат се сретна со Абрамович, веднаш доби понуда за нов договор

Тухел вчера првпат се сретна со Абрамович, веднаш доби понуда за нов договор
Dik 300x250 mk

Триумфалниот тренер Томас Тухел призна дека вчера првпат се сретнал со човекот кој го вработил, газдата на Челси, Роман Абрамович, откако тој беше во Лисабон да ја прослави титулата од Лигата на шампионите со својот тим по 1:0 победата над Манчестер сити.

Човекот кој минатото лето потроши 250 милиони фунти на засилувања, се приклучи на своите работници по освојувањето на трофејот, за Тухел, конечно, да добие шанса да се сретне со него, откако Абрамович ја направи храбрата одлука да го отпушти Френк Лампард и да го ангажира Германецот.

„Зборував со Рома на теренот. Тоа беше најдобар момент да се зборува, бидејќи сега може да биде само полошо“, изјави Тухел.

Германецот беше одговорен за трансформацијата на Челси по неговото пристигнување со 18-месечен договор, и признава дека сега има нова понуда за тригодишен договор од Абрамович.

„Не сум 100 отсто сигурен, но можеби сега сум подготвен да потпишам нов договор по оваа победа“, додава Германецот.

> Тухел вчера првпат се сретна со Абрамович, веднаш доби понуда за нов договор <

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување