Утрински Весник
Спорт

Турчин тврди дека е пред договор да го купи Челси

Турчин тврди дека е пред договор да го купи Челси
Dik 300x250 mk

Турскиот бизнисмен Мусин Бајрак е на чекор до купување на европскиот и светски клупски првач Челси. Тој е претседател на АБ Груп Холдинг, компанија која инвестира во енергетиката, градежништвото и туризмот, а самиот објави дека е пред договор со Роман Абрамович.

„Преговараме со адвокатите на Роман Абрамович. Во фаза сме кога останува да се стават потписи. Многу брзо ќе го вееме турското знаме во Лондон. Овој договор ќе биде многу важен за Турција“, изјави Мусин Бајрак за турските медиуми.

Компанијата на Бајрак инвестира во Лондон, а работи и во Италија, Грција и Шпанија, како и на турска територија.

> Турчин тврди дека е пред договор да го купи Челси <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен