Утрински Весник
Свет

Турција размислува за воведување нови рестриктивни мерки

Турција воведе задолжително носење маски на сите места, освен во домовите

Турција размислува повторно да воведе некои мерки за да се запре ширењето на коронавирусот.

Некои од тие мерки би можеле да бидат наредба за помлади и постари луѓе да останат дома или дури заклучување за време на викендот, но ќе го избегнат оштетувањето на економското закрепнување, рече висок официјален претставник.

„Новите мерки може да се спроведат по набљудувањето на процесот неколку недели“, изјави висок официјален претставник за „Ројтерс“, додавајќи дека сликата ќе стане појасна откако ќе се процени влијанието на делумното повторно отворање на училиштата на почетокот на овој месец.

Друг официјален претставник рече дека иако неодамнешниот брз пораст на случаите во главниот град Анкара донекаде е забавен, скоковите во градовите како Истанбул претставуваат ризик за земјата во овој „тежок период“.

Но, драконските мерки како целосно заклучување не се во план, рече тој.

Какви и да се новите мерки ќе имаат потесен опсег и ќе ја штитат економијата, рече првиот службеник.

„Мерки на дневен ред се: затворање ресторани и објекти во одредено време; одредено време за кое можат да излезат млади луѓе и луѓе над 65 години; или како последен чекор, заклучување за време на викендите“, рече тој, додавајќи дека кабинетот работи на тоа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гренланд го запира нафтениот проект на Трамп

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени