Утрински Весник
Македонија

Турција испраќа медицинска помош за справување со коронавирусот

Турција испраќа медицинска помош за справување со коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Турција денеска ќе и достави на Северна Македонија помош во медицински материјали за справување со коронавирусот.

Помошта ќе биде транспортирана со авион на турската армија што треба да слета на Маѓународниот аеродром – Скопје попладне во 14:25 часот, информира Амбасадата на Турција во Скопје.

Мадицинските материјали на македонските власти ќе им ги предаде турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок.

Помошта од Турција, согласно договорот за донација меѓу двете земји, се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери, 1000 дијагностички тестови и друг медицински материјал. са/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките

Миноски: Економските мигранти се последно решение за проблемите на пазарот на труд

СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ, власта сака целосна контрола