Утрински Весник
Свет

Турција започна нова антитерористичка операција на истокот

Турција започна нова антитерористичка операција на истокот

Турција почна нова антитерористичка операција во источната провинција Битлис, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, пренесува „Анадолија“.

„Операцијата „Јилдирим-12“ има за цел комплетно елиминирање на сепаратистичката терористичка организација ПКК од земјата и неутрализирање на сите терористи кои се кријат во регионот. Во операцијата учествуваат 747 безбедносни лица, вклучително и силите на специјалната операција на жандармеријата, полицијата и чуварите “,соопшти Министерството.

Операцијата „Јилдирим-11“ почна на 11 септември во источната провинција Сирт за неутрализирање на терористите на ПКК во регионот.

Во операциите „Јилдирим“ досега се неутрализирани вкупно 71 терорист, фатени се 38 соучесници, уништени се скривници, магацини и 141 пештера, а запленето е големо количество оружје, муниција и други залихи.

Турските власти често го користат терминот „неутрализиран“ за да посочат дека терористите се предале, биле убиени или заробени.

Во својата повеќе 30 години долга кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

Трамп: Националната гарда ја презема контролата врз спроведувањето на законот во Вашингтон

Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа