Утрински Весник
Свет

Турција забрани увоз на пластичен отпад од ЕУ

Турција забрани увоз на пластичен отпад од ЕУ

„Гринпис“ ја поздрави забраната на Анкара за увоз на најголем дел од пластичниот отпад откако еколошката група соопшти дека открила извоз, веројатно нелегален, од Велика Британија и Германија кој создава „планини“ ѓубре во јужна Турција, пренесува Ројтерс.

Тимови на „Гринпис“ посетиле десетина места во провинцијата Адана и откриле пластичен отпад – изгорен или во процес на горење – главно од Велика Британија, Германија, Полска и од други земји на ЕУ.

Пластиката била оставена покрај патиштата, на полињата или близу извори на вода, а на сите места бил најден отпад од британски и германски фирми.

Турското министерство за трговија соопшти дека ја отстранило полиетиленската пластика од списокот полимери дозволени во земјата од 3 јули, формализирајќи ја забраната што планираше да ја воведе. Министерот за животна средина и урбанизација, Мурат Курум, рече дека царината ќе спроведува постојани проверки за да се спроведе забраната, што следи по блокирањето на увозот на мешана пластика.

Извозот на пластичен отпад е нелегален освен ако не е наменет за рециклирање или согорување во постројка за конверзија на енергија.

Можете да прочитате

Украина, Блискиот Исток, Западeн Балкан и одбраната меѓу темите на јунскиот Самит на ЕУ 

Мелони: Новите трошоци за НАТО се прифатливи Италија

Нисан затвора седум фабрики, 20.000 луѓе остануваат без работа