Утрински Весник
Свет
Img 7972

Турција гони 30 лица поради споделување шпекулации за здравјето на Ердоган

Турција гони 30 лица поради споделување шпекулации за здравјето на Ердоган
Img 7972

Турските власти започнаа судска постапка против 30 лица поради шпекулации за здравствената состојба на претседателот Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи.

Сите осомничени се гонат поради објавување твитови за Ердоган користејќи ја назнаката #ölmüş (#мртов), соопшти турскиот Генерален директорат за безбедност.

Властите во соопштението велат дека лицата споделиле дезинформации и манипулативна содржина на интернет.

Осомничените се и под истрага за ширење на содржина што го навредува или погрешно претставува турскиот претседател.

„Идентификувани се 30 лица, а против нив е поведена соодветна правна постапка“, соопштија од Директоратот.

„Се вршат неопходни истраги за објавите кои содржат лаги и дезинформации и се испраќаат до правосудните органи“.

Одделно, адвокатите на Ердоган, исто така, поднесоа жалба до главниот обвинител во Анкара.

Во последните денови се зголемија шпекулациите за здравјето на Ердоган, откако неодамна беше снимен дека тешко оди.

За време на празнична порака во јули, 67-годишниот претседател изгледаше во лоша состојба додека неговиот говор понекогаш звучеше нејасно.

Но, соработниците на турскиот претседател споделуваат видеа од Ердоган на „Твитер“ за да ги смират гласините за неговото лошо здравје.

„Верувајте му на пријателот, плашете се од непријателот“, напиша на „Твитер“ шефот за комуникации на претседателот, Фахретин Алтун, покрај снимката на која Ердоган чекори постабилно по патување со авион од Истанбул до Анкара.

Ердоган, кој е на власт речиси две децении, беше подложен на сериозна операција на цревата во 2011 година.

Неговиот најнов јавен настап беше на самитот Г20 во неделата во Рим, каде турскиот претседател се сретна со американскиот колега, Џо Бајден.

Можете да прочитате

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп