Утрински Весник
Македонија

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже.

„Синоќа било пријавено дека помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотел – државен карантин во Скопје бил забележано чаршав, кој бил врзан како импровизирано јаже. По проверка во собите од полициски службеници од СВР Скопје било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција, кои на 3 јули, врз основ на наредба, а во врска со кривичното дело ,,криумчарење мигранти“, од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица биле спроведени во државен карантин, поради позитивен тест на ковид – 19 кај едно од лицата“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почина професорот и дипломат Јован Донев

Нестабилно попладне во Македонија: Пороен дожд и грмежи во повеќе региони

Барутана без важечки ДУП – жителите бараат основни услови за живот, новиот план носи 33% помалку градба