Утрински Весник
Македонија

Турски државјанин обвинет за фалсификување пасош

Вработен во МВР станал и советник во општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против државјанин на Турција за кривично дело – фалсификување исправа.

Обвинетиот, вчера, во постапката за продолжување дозвола за привремен престој на странец, пред службите на Министерството за внатрешни работи, употребил како вистинска преправена јавна исправа – турски пасош. Во патната исправа била извршена замена на оригиналната надворешна корица и на страницата со податоци.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд му предложи да определи притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Полициска акција во Полог: двајца малолетници фатени како пакуваат дрога

Моторџија тешко повреден во сообраќајка во Радишани

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница