Утрински Весник
Македонија

Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок ја посети Општина Битола

Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок ја посети Општина Битола
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Битола, 13 март 2020 (МИА)Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок оствари прва работна средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

За време на престојот во Битола, амбасадорот Секизќок потсети на блискоста на двете држави и континуираната поддршката на Турција во различни сфери.

-Посакувам уште поголема соработка со локалните субјекти, со Универзитетот, училиштата и поголема поддршка за развој на туризмот бидејќи Битола е град во кој често престојуваат турски гости, истакна амбасадорот Мехмет Секизќок.

Градоначалничката Петровска го информираше својот гостин за тековните проекти на локалната самоуправа и проектот за гасификација на Битола и најави можности за економска соработка.

Амбасадорот Секизќок во Битола ја посети Спомен собата на Кемал Ататурк. мт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи