Утрински Весник
Македонија

Тупанчески: На бизнисот му се потребни стабилно деловно опкружување и независно судство

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на панел-дискусијата на тема „Владеење на правото за економски раст“.

Осврнувајќи се на развојот и соработката на Македонско-германското стопанско здружение, Тупанчески рече дека на бизнисот му се потребни стабилно и предвидливо деловно опкружување, ефикасни институции, независно и транспарентно судство.

„Бизнисот секогаш бара правна сигурност, стабилност и континуитет, а еден од основните предуслови е да функционира владеењето на правото. Довербата во институциите е од клучно прашање и затоа треба да се преземат низа мерки, активности и промени, кои ќе придонесат да се зајакне довербата во државата, но и во судството. Еден од инструментите за зајакнување на довербата на граѓаните во судството и правната сигурност на компаниите е зголемување на транспарентноста во работењето на судовите“, нагласи тој.

„Министерството за правда во последните измени на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет се раководеше, меѓу другото, и од овие постулати сè со цел да се обезбеди владеење на правото и воедно да ја зајакне правната сигурност на граѓаните и компаниите во судскиот систем. Подобрување на бизнис-климата ќе се овозможи и со процесот на дигитализација на судството. Со неа ќе се забрзаат постапките на сите нивоа, ќе се намали корупцијата, ќе се олесни доставувањето  докази и документи, а ќе се подобри и комуникацијата меѓу засегнатите страни и институции“, рече Тупанчески.

Можете да прочитате

Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика

Мотоциклист без дозвола усмрти човек на Кеј, судот го пушти дома

Јакимовски: Да воведеме и данок на изгубени премиери, купени дипломи, фалсификувани сертификати?