Утрински Весник
Македонија

Тројца тешко повредени во сообраќајка во Пробиштип

Тројца тешко повредени во сообраќајка во Пробиштип

Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионален пат Р-1205, во близина на место викано „Лезовска чешма“ во Пробиштип.

Несреќата се случила помеѓу автомобил „опел омега“, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(61) од Пробиштип, „опел вектра“, со бугарска национална ознака, управувано од Љ.Н.(41) од Пробиштип и „опел корса“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(42) од Кочани.

Во несреќата Љ.Н. и Р.П. се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот од возилото „опел омега“, И.С.(50) од с.Неокази, пробиштипско, се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница-Штип. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Пробиштип.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари