Утрински Весник
Македонија

Тројца скопјани обвинети за вооружени грабежи во обложувалница и аптека

Тројца скопјани обвинети за вооружени грабежи во обложувалница и аптека

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против три лица за кривични дела – разбојништво.

На 31 јануари, тројцата обвинети влегле во спортска обложувалница на улица „1613“, па покажувајќи метален пиштол со пластична рамка се заканиле по животот на еден вработен и одзеле импровизирана картонска кутија во која имало 32.000 денари во различни апоени. Потоа со возило избегале од местото, а парите ги поделиле.

Двајца од обвинетите на 1 февруари сториле уште едно разбојништво така што влегле маскирани во аптека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ и на вработената и се заканиле со метален пиштол со пластична рамка, барајќи да им ги даде парите од дневниот промет.

Вработената го отворила малиот прирачен сеф на наплатното биро, но во него немало пари. Еден од обвинетите започнал да се обидува да ја отклучи фиоката на регистер касата со дневен промет, но по неколку обиди клучот се заглавил и се скршил. Потоа, тој со физичка сила насилно ја откорнал втората заклучена регистер каса во која имало околу 3.000 денари, ја одзеле и двајцата обвинети почнале да бегаат.

Но, ги забележале полициски службеници, кои почнале да ги бркаат обвинетите. Во моментот кога бил престигнат, еден од обвинетите ја фрлил касата кон полицајците, по што бил совладан и лишен од слобода.

Другиот обвинет, пак, влегол во влез на една од зградите и го скрил пиштолот во пластичната таванска ламперија на влезот.

Имајќи го предвид видот и карактерот на стореното кривично дело, предвидената казна, личните околности на обвинетите, можноста за бегство и за повторување на делото, надлежниот јавен обвинител доставил посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за тројцата обвинети.​

Можете да прочитате

СДСМ: Проектот за гасен интерконектор со Грција е резултат на стратешка работа на владите на СДСМ

Градоначалникот на Чучер-Сандево со апел: „Се што е машко и подвижно, нека земе алат и нека излезе!“

Лисиче и Карпош најзагадени – воздухот нездрав за дишење